Copyright 2022 - Јавна Установа Меѓуопштински центар за социјална работа на град Скопје

Оддел за заштита на азиланти, мигранти, повратници од реадмисија и внатрешно раселени лица


 

     Одделот за заштита на азиланти, мигранти, повратници од реадмисија и внатрешно раселени лица врши услуги на информирање и упатување,  услуги на стручна помош и поддршка,  услуги на советување и сместувањето во установа обезбедува: згрижување, 24-часовна помош и поддршка од стручни лица, исхрана, облека и обезбедување здравствена заштита, во зависност од утврдените потреби на корисникот, кој нема услови за живеење во своето семејство или од други причини му е потребна вон-семејна заштита. 

     Услугата за сместувањето во установа за баратели на азил покрај основната заштита, обезбедува пристап до образование, стекнување на животни вештини, работно оспособување и професионална рехабилитација, социјални, културни и рекреативни активности, во зависност од потребите на корисниците на услугите. Услугата за сместување на баратели на азил обезбедува основната заштита  согласно со минимумот на стандардите за прифат на баратели на азил, утврдени со меѓународни договори, ратификувани согласно Уставот на Република Северна Македонија.

     Одделот обезбедува заштита и за лица под супсидијарна заштита и лица со статус на признаен бегалец. Одделот ги потикнува на учеството лицата на кои им е признаено правото на азил во Република Македонија во реализација на активностите кои придонесуваат за одржливоста на социо-економска интеграција на  лица под супсидијарна заштита, лица со статус на признаен бегалец. Одделот ги упатува во постојни ресурсни центри за понатамошна грижа и заштита.