Copyright 2022 - Јавна Установа Меѓуопштински центар за социјална работа на град Скопје

Оддел за дневни центри за поддршка на деца со попреченост


 

     Одделот за дневни центри за поддршка на деца со попреченост врши услуги на информирање и упатување, услуги на стручна помош и поддршка, услуги на советување, услуги на дневен престој преку дневно згрижување, индивидуални активности за стекнување животни и работни вештини, социјални, културни и рекреативни активности, едукација, социјална поддршка на децата и нивните семејства и други сродни активности.

     Одделот е надлежен за: надоместок на плата за скратено работно време поради нега на дете со попреченост и најтешки облици на хронични заболувања, траен надоместок за родител кој има дете со попреченост, упатување на лицата со пречки во менталниот и телесниот развој до соодветен стручен орган – комисија која издава наод и мислење за оцена на специфичните потреби на лицата со пречки, донесува Решение во прв степен за утврдување на видот и степенот на попреченост согласно наодот и мислењето на стручниот орган, постапува по барање и врши непосреден увид во домот на подносител на барање за рефундирање на средства за набавка на патнички автомобил.

     Во Одделот за дневни центри за поддршка на деца со попреченост функционираат дневен центар за деца со аутизам и дневен центар за деца со оштетен вид.

     Дневен центар за деца со аутизам обезбедува дневно прифаќање, згрижување, рехабилитација, индивидуална дефектолошка поддршка и третман, психомоторна реедукација, континуирано следење на детето, реализирање на активности за поттикнување и стимулирање на развојот на културно-хигиенските навики, когнитивните, комуникативните, моторните, социо-емоционалните способности, спроведување на специјализирани видови на третман за аутистични деца, како и работа со родителите за задоволување на потребите за интеграција на децата со аутизам и нивните семејства.

     Дневен центар за деца со оштетен вид обезбедува дневно прифаќање, згрижување, рехабилитација, индивидуална дефектолошка, психолошка и педагошка поддршка и третман, психомоторна реедукација, спроведување на репроценка на детето на шест месеци или порано по потреба и евалуација на постигнувањата, реализирање на активности за поттикнување и стимулирање на развојот на културно-хигиенските навики, когнитивните, комуникативните, моторните, социо-емоционалните способности,  советодавна-консултативна работа со родителите во континуитет, задоволување на потребите и интеграција на децата со  оштетен вид и нивните семејства.