Copyright 2022 - Јавна Установа Меѓуопштински центар за социјална работа на град Скопје

Оддел за дневни центри за поддршка на лица со попреченост


     Одделот за дневни центри за поддршка на лица со попреченост врши услуги на информирање и упатување, услуги на стручна помош и поддршка, услуги на советување услуги на на дневен престој преку дневно згрижување, индивидуални активности за стекнување животни и работни вештини, социјални, културни и рекреативни активности, едукација, социјална поддршка на лицата и нивните семејства и други сродни активности.

     Одделот постапува по барање на физичко лице да може самостојно да врши работи од социјална заштита како професионална дејност, кои се однесуваат на помош и нега во домот, згрижување во семејство, лична асистенција и одмена на семејна грижа. Постапувајќи по барањето изготвува мислење за исполнетост на условите за самостојно вршење на работи од социјална заштита како професионална дејност и го доставува до Комисијата за лиценцирање. Физичкото лице  доставува шестмесечен и годишен извештај за својата работа до центарот за социјална работа

     Во Одделот за дневни центри за поддршка на лица со попреченост функционираат дневен центар за лица со телесна или ментална попреченост, дневен центар за лица со церебралана парализа и дневен центар за лица со даунов синдром.

     Дневниот центар за лицата со умерени и тешки пречки во менталниот развој и на лицата со тешки пречки во телесниот развој им обезбедува дневно згрижување, рехабилитација, психомоторна реедукација, индивидуална дефектолошка помош и поддршка, работно-производна активност, работна терапија и други активности. Може да врши оспособување за работно-производна активност, заради нивно вклучување во секојдневниот живот.

     Дневниот центар за лица со целебрална парализа обезбедува дневно прифаќање, згрижување, рехабилитација и третман на лицата со церебрална парализа, спроведување на поддршка за развој на моторните, когнитивните, социо-емоционалните, вербалните, невербалните и други алтернативни форми на комуникација, поддршка и стимулација на ран развој со децата до 6 годишна возраст, континуирано следење на развојот на корисниците, планирање, организација и реализација на програми и активности за социјализација, интеграција и самостојно функционирање во средината, континуирана стручна поддршка, обука и советување на родители/старатели и семејствата за работа во домашни услови.

     Дневниот центар за лица со даунов синдром за лицата со даунов синдром обезбедува дневно згрижување, услуги на информирање и едукација, културно забавни и рекреативни активности, работно – производна активност, работна терапија и други активности преку кои се врши оспособување за работно-производна активност, заради нивно вклучување во секојдневниот живот.