Copyright 2021 - Јавна Установа Меѓуопштински центар за социјална работа на град Скопје

Орган за внатрешна контрола 

<<<<< Решение за именување на членови на Органот за надзор >>>>>


     За вршење внатрешна контрола на работењето на установата основачот формира орган за надзор.

     Органот за надзор го сочинуваат три члена именувани од основачот.

     Членовите на органот за надзор се избираат со мандат во траење од четири години.

     За членови на органот за надзор можат да бидат  именувани лица кои немаат засновано работен однос во установата, имаат високо образование и поседуваат знаење и искуство од дејноста на установата.    

     Член на органот за надзор не може да има лично преку трети лица или по која било основа интерес во установата кои можат да имаат било какво влијание на најавената независност и непристрасност во надзорот

     Секој член на органот за надзор и Директорот на установата се должни да го предупредат основачот на постоење на ваков интерес кај членот на органот за надзор.

     Внатрешната контрола, органот за надзор ја врши преку контрола на материјално финансиско работење на Установата, користењето и располагањето на средствата на Установата и за наодите доставува извештај до Основачот, Министерството, Управниот одбор и Директорот на Установата.             

     Органот за надзор работи и одлучува на седница.

     На првата конститутивна седница членовите на органот за надзор од своите редови избираат Претседател и Заменик претседател

     Првата конститутивна седница на органот за надзор ја свикува и до избор на претседател и заменик претседател со неа раководи најстариот член на органот за надзор.   

     Претседател и Заменик претседател се бираат по пат на предлог на членовите со јавно гласање и мнозинство на гласови.

     Седниците на органот ги свикува и со нив раководи претседател, кој го избираат членовите од своите редови, на првата седница која се одржува во рок од 15 дена од денот на именувањето на членовите.

     Органот за надзор своите одлуки ги донесува со мнозинство на гласови од вкупниот број на членови.               

     Седниците на органот за надзор се одржуваат по потреба, а најмалку четири пати во една календарска година.

     Заради вршење на работите на контрола, органот за надзор може да врши проверка на лице место на сите документи и списи на Установата, за што може да задолжи свој член и да повика стручни лица, кои ќе му помагаат во спроведувањето на надзорот.

     Органот за надзор врши контрола на материјално-финансиското работење на установата, користењето  и располагањето на средствата на установата и за наодите доставува извештај до основачот, Министерството, управниот одбор и директорот на установата.

     Мандатот на член на органот за надзор може да престане и пред истекот на мандатот:

  • по негово барање ,

  • ако работи спротивно од Закон, Статут и други акти на Установата,

  • ако престане да постои основачот и Установата,

  • отсуствува од седниците на управниот одбор неоправдано трипати последователно или пет пати во текот на годината,

  • дополнително се утврди дека има лично, преку трети лица или по која било основа интереси кои можат да имаат какво било влијание на неговата независност и непристрасност,

  • разрешување од должноста,

  • други случаи утврдени со Закон,

     Иницијатива за разрешување до основачот поднесува Органот за надзор.