Copyright 2022 - Јавна Установа Меѓуопштински центар за социјална работа на град Скопје

 

Oддел за административни работи и управување со човечки ресурси


 

Oдделот за административни работи и управување со човечки ресурси е надлежен за обезбедување на сите административни работи потребни за квалитетно извршување на работите во Установата.

Под административни работи се смета:

  • извршување на нормативно-правни и активности од областа на управувањето со човечките ресурси пропишани со закон;
  • извршување на финансиски, сметководствени и материјални работи согласно законските прописи;
  • извршување на работи од јавна внатрешна финансиска контрола согласно законските прописи;
  • процесирање и подготовка за исплата по решенијата за остварување на права на парична помош;
  • заштита, чување, обработка и користење на архивскиот материјал согласно закон;
  • одржување на информатичко-комуникациската опрема и грижа за функционалноста на опремата и програмите за работа;
  • спроведување на постапка за доделување на договори за јавни набавки согласно закон;
  • подготовка на анализи, истражувања, планови, програми и извештаи, со цел утврдување на актуелните состојби и унапредување на услугите на социјална заштита на подрачјето на кое дејствува Установата, како и вршење на други работи од административна природа.
  • вршење на други работи од административна природа.