Copyright 2023 - Јавна Установа Меѓуопштински центар за социјална работа на град Скопје

Оддел за дневно и привремено згрижување на возрасни и стари лица


 

     Одделот за дневно и привремено згрижување на возрасни и стари лица обезбедува згрижување на возрасни и стари лица преку услуги на дневен престој, активности за стекнување животни и работни вештини, социјални, културни и рекреативни активности, едукација, социјална поддршка на лицата и нивните семејства.  Услугата за привремен престој обезбедува заштита и стручна помош на лица кои се наоѓаат во кризна состојба заради надминување на состојбата и нивна социјална интеграција во постапка утврдена во позитивните законски прописи.

     Во рамки на одделот функционира Центар за лица бездомници кој обезбедува привремен престој, заштита и стручна помош на лица кои се наоѓаат во кризна состојба.