Copyright 2023 - Јавна Установа Меѓуопштински центар за социјална работа на град Скопје

Оддел за заштита од семејно насилство


     Одделот за заштита од семејно насилство во рамките на своите надлежности работи на спречување и заштита од семејно насилство преку стручна, советодавна, советувалишна и интердисциплинарна тимска работа презема мерки и активности за превенција и   заштита на жртвите од семејно насилство  и работа со сторителите на семејно насилство и тоа:

  • сместување во центар за центар за лица - жртви на семејно насилство обезбедува дневно и привремено прифаќање и згрижување на овие лица
  • соодветна здравствена заштита
  • соодветна психо-социјална интервенција и третман
  • психо-социјален третман во советувалиште
  • помош на семејството за редовно школување на дете,
  • правна помош и застапување
  • економско јакнење на жртвата преку нејзино активно вклучување на пазарот на трудот
  • преземање на мерки за заштита на жртвите и
  • следење на привремени мерки за  заштита.

     Одделот врши проценка на потреби за заштита на жртвата според видот, интензитетот, контекстот на случување на насилство, здравствениот и семејнот статус на жртвата, нејзината возраст и други околности на постапката за преземање на потребните мерки за заштита.

     Во одделот за заштита од семејно насилство функционира Центар за лица – жртви на семејно насилство кој обезбедува сместување, грижа и заштита на лицата жртви на семејно насилство.