Copyright 2023 - Јавна Установа Меѓуопштински центар за социјална работа на град Скопје

Во склоп на Службата за заштита на деца во ризик и деца во судир со закон функционираат 2 оддели и тоа :

<<<<< Оддел за заштита на деца во ризик и деца на улица >>>>>

<<<<< Оддел за заштита на деца во судир со законот >>>>>


     Службата за заштита на деца во ризик  и деца во судир со закон во рамките на своите надлежности преку услуги на информирање и упатување, услуги на стручна помош и поддршка, советодавна, советувалишна и интердисциплинарна тимска работа презема мерки и активности за превенција и   заштита на деца во ризик, деца во судир со законот, деца на улица, деца-сведоци, деца-жртви на дејствија како и други видови на социјални ризици кои се однесуваат на децата.

     Во Службата функционира  дневен центар за улични деца - деца на улица кој на овие деца им обезбедува дневно згрижување, индивидуални активности за стекнување животни и работни вештини, социјални, културни и рекреативни активности, едукација, социјална поддршка на лицата и нивните семејства и други сродни активности.

     Услугата за рехабилитација и реинтеграција на лица кои се соочуваат со социјални и/или здравствени проблеми се обезбедува преку психо-социјална поддршка, терапевтска работа, работно-окупациона терапија, поддршка за стекнување на работни  вештини и вештини за вработување, реинтеграција и самостојно живеење.

     Услугата за ресоцијализација се обезбедува преку советодавна работа, индивидуална, семејна и групна терапија, образовна поддршка, придружба, едукации за развој на вештини, спорт, рекреација, творештво, поддршка за стекнување на работни  вештини и вештини за вработување и други услуги на ресоцијализација, во зависност од  потребите на корисниците.

     Службата води евиденција и прибира документација за корисниците на социјалната заштита и за применетите облици на социјална заштита. За своите надлежности службата изготвува месечни, шестмесечни и годишен извештај.