Во склоп на Службата за брак и семејство и заштита од семејно насилство функционираат 3 оддели и тоа :
<<<<< Оддел за брак и семејство >>>>>
<<<<< Оддел - Советувалиште >>>>>
<<<<< Оддел за заштита од семејно насилство >>>>>
Во службата за брак и семејство и заштита од семејно насилство се врши превенција од социјални ризици, информирање и упатување на граѓаните за правата од социјална заштита и расположливите социјални услуги, првична проценка и упатување до други институции, со цел остварување непречен пристап до правата и услугите, обезбедува услуги на стручна помош и поддршка на поединец и семејство, помош и поддршка за надминување на индивидуални и семејни проблеми преку проценка, планирање, интервенции за заштита и евалуација, како и следење на состојбата по завршување на интервенциите, со цел зајакнување на корисниците, промоција на нивниот непречен развој, обезбедување и одржување на добросостојбата и независноста и нивно долгорочно оспособување за самостојно надминување на социјалните проблеми, обезбедува услуги на советување, советодавна работа, односно советувалишна работа, со цел превенирање, ублажување и надминување на последиците од настанатите социјални проблеми на поединец и семејство, и тоа:
- подготовка за брак, живот во семејство, родителство, планирање на семејство, брачно/партнерско советување за партнери со нарушени односи,
- советување при развод на брак,
- семејна медијација за семејства со нарушени семејни односи,
- психо-социјална поддршка за жртви на семејно насилство,
- психо-социјален третман на сторители на семејно насилство и
- други специјализирани видови на советувања.
Службата води евиденција и прибира документација за корисниците на социјалната заштита и семејно-правната заштита и за применетите облици на социјална заштита. За своите надлежности службата изготвува месечни, шестмесечни и годишен извештај.