Copyright 2023 - Јавна Установа Меѓуопштински центар за социјална работа на град Скопје

Во склоп на Службата за лица со пречки во менталниот или телесниот развој функционираат два (2) оддела и тоа :

<<<<< Оддел за дневни центри за поддршка на деца со попреченост >>>>>

<<<<< Оддел за дневни центри за поддршка на лица со попреченост >>>>>


 

     Службата за лица со пречки во менталниот или телесниот развој врши услуги на информирање и упатување, услуги на стручна помош и поддршка, услуги на советување, услуги во домот и услуги за вон-семејна заштита.

     Услугите на информирање и упатување опфаќаат информирање на граѓаните за правата од социјална заштита и расположливите социјални услуги, првична проценка и упатување до други институции, со цел остварување непречен пристап до правата и услугите.

     Услуги во домот се услуги за обезбедување помош и нега во домот на лице со привремено или трајно намален функционален капацитет, со цел овозможување на лицето да продолжи да живее во сопствениот дом и превенција на потребата од вонсемејна заштита. Услуги во домот се:помош и нега во домот и лична асистенција.

     Услугата за дневен престој опфаќа дневно згрижување, индивидуални активности за стекнување животни и работни вештини, социјални, културни и рекреативни активности, едукација, социјална поддршка на лицата и нивните семејства и други сродни активности.

     Услугата за одмена на семејна грижа обезбедува краткотрајно згрижување на зависни членови од семејството заради одмена, одмор и задоволување на лични и професионални потреби на членови на семејството кои се грижат за нив.

     Службата постапува по барање на физичко лице да може самостојно да врши работи од социјална заштита како професионална дејност, кои се однесуваат на помош и нега во домот, згрижување во семејство, лична асистенција и одмена на семејна грижа. Постапувајќи по барањето изготвува мислење за исполнетост на условите за самостојно вршење на работи од социјална заштита како професионална дејност и го доставува до Комисијата за лиценцирање. Физичкото лице  доставува шестмесечен и годишен извештај за својата работа до центарот за социјална работа.

     Службата за лица со пречки во менталниот или телесниот развој е надлежна за: надоместок на плата за скратено работно време поради нега на дете со попреченост и најтешки облици на хронични заболувања, траен надоместок за родител кој има дете со попреченост, упатување на лицата со пречки во менталниот и телесниот развој до соодветен стручен орган – комисија која издава наод и мислење за оцена на специфичните потреби на лицата со пречки, донесува Решение во прв степен за утврдување на видот и степенот на попреченост согласно наодот и мислењето на стручниот орган, постапува по барање и врши непосреден увид во домот на подносител на барање за рефундирање на средства за набавка на патнички автомобил.

     Службата води евиденција и прибира документација за корисниците на социјалната заштита и за применетите облици на социјална заштита. За своите надлежности службата изготвува месечен, шестмесечен и годишен извештај.

     Услугата на дневен престој се остварува преку дневни центри за деца и лица со телесна или ментална попреченост. Во Службата функционираат дневни центри за поддршка на деца со попреченост и дневни центри за поддршка на лица со попреченост.