Copyright 2022 - Јавна Установа Меѓуопштински центар за социјална работа на град Скопје

Во склоп на Службата  за старателство и заштита на деца без родители и родителска грижа и старателство и заштита на возрасни и стари лица функционираат 3 оддели и тоа :

<<<<< Оддел за старателство и заштита на деца без родители и родителска грижа >>>>>

<<<<< Оддел за старателство и заштита на возрасни и стари лица во социјален ризик >>>>>

<<<<< Оддел за дневно и привремено згрижување на возрасни и стари лица >>>>>


     Службата за старателство и заштита на деца без родители и родителска грижа и старателство и заштита на возрасни и стари лица  обезбедува посебна заштита на:

  • малолетните лица без родители и родителска грижа;
  • лица на кои им е делумно или целосно одземена деловната способност;
  • други лица кои не се во состојба или немаат можност сами да се грижат за заштита на своите права и интереси;
  • малолетни и полнолетни лица во посебни случаи (располагање со имот, оставински постапки и други постапки кои се водат пред надлежни органи).

     Лицата се заштитуваат преку институтите:старателство, посвојување, сместување во установа за социјална заштита и сместување во згрижувачко семејство во постапка утврдена со позитивните законски прописи.

     Службата решава за ставање под старателство, за поставување или за разрешување од должност старател, за поставување на посебен старател за посебни случаи, за обемот на овластувањата на старателот и за правата и правните интереси на лицето под старателство и за престанок на старателството.

     Со посвојувањето се создаваат односи какви што настануваат со раѓањето (потполно посвојување) или само односи што постојат меѓу родители и деца (непотполно посвојување).

     Сместувањето во установа опфаќа основна заштита која обезбедува: згрижување, 24-часовна помош и поддршка од стручни лица, исхрана, облека и обезбедување здравствена заштита, во зависност од утврдените потреби на корисникот, кој нема услови за живеење во своето семејство или од други причини му е потребна вон-семејна заштита

     Згрижување во семејство опфаќа основна заштита и 24-часовна грижа за деца и возрасни лица кои немаат свое семејство или немаат  услови за живот во сопственото семејство. Згрижувањето може да се обезбеди како општо, специјализирано, повремено, интервентно или роднинско згрижување.

     Службата води евиденција и прибира документација за корисниците на социјалната заштита, заштитата на децата и семејно-правната заштита и за применетите облици на социјална заштита. За своите надлежности службата изготвува месечни, шестмесечни и годишен извештај.