Copyright 2021 - Јавна Установа Меѓуопштински центар за социјална работа на град Скопје

Служби за права на парична помош на подрачје на општините во град Скопје

     Во склоп на ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа на град Скопје функционираат шест ( 6 )  Служби за права на парична помош и дванаесет (12 ) Оддели за права на парична помош во склоп на службите за права на парична помош и тоа :

     1. Служба за права на парична помош на подрачје на општините Аеродром и Центар

  • Оддел за права на парична помош на подрачје на општина Аеродром
  • Оддел за права на парична помош на подрачје на општина Центар

     2. Служба за права на парична помош на подрачје на општините Бутел и Чаир

  • Оддел за права на парична помош на подрачје на општина Бутел
  • Оддел за права на парична помош на подрачје на општина Чаир

     3. Служба за права на парична помош на подрачје на општините Гази Баба, Илинден, Арачиново и Петровец

  • Оддел за права на парична помош на подрачје на општините Гази Баба и Илинден
  • Оддел за права на парична помош на подрачје на општините Арачиново и Петровец

     4. Служба за права на парична помош на подрачје на општините Карпош, Ѓорче Петров и Сарај

  • Оддел за права на парична помош на подрачје на општина Карпош
  • Оддел за права на парична помош на подрачје на општините Ѓорче Петров и Сарај

     5. Служба за права на парична помош на подрачје на општините Кисела Вода, Сопиште, Зелениково и Студеничани

  • Оддел за права на парична помош на подрачје на општините Кисела Вода и Сопиште
  • Оддел за права на парична помош на подрачје на општините Зелениково и Студеничани

     6. Служба за права на парична помош на подрачје на општините Шуто Оризари и Чучер Сандево

  • Оддел за права на парична помош на подрачје на општина Шуто Оризари
  • Оддел за права на парична помош на подрачје на општина Чучер Сандево

     Службите за права на парична помош превземаат мерки за заштита на стандардот и социјална сигурност на граѓаните кои немаат средства за егзистенција, а се изложени на социјални ризици на подрачјето за кое се формирани службите. 

     Од делокругот на остварување на правата од парична помош, службите се надлежни за вршење на следните работи:

  • врши информирање и упатување на граѓани во однос на остварување пристап до права од социјална заштита,
  • врши непосреден увид заради утврдување на фактичката состојба во домаќинството и потребите на членовите на домаќинството од социјална заштита,
  • решава за правата на парична помош од социјална заштита, утврдени со Законот за социјална заштита (гарантирана минимална помош, надоместок заради попреченост, надоместок за помош и нега од друго лице, додаток за домување,  траен надоместок и еднократна парична помош,  здравствена заштита)
  • решава за правата на парична помош утврдени со Законот за заштита на децата (детски додаток; посебен додаток; еднократна парична помош за прво и второ новородено дете, родителски додаток за дете; додаток за образование; партиципација)
  • решава за правото на социјална сигурност за старите лица утврдени со Законот за социјална сигурност за старите лица
  • решава за парична помош на лица со признаен статус на бегалец и под супсидијарна заштита, утврдени со Законот за азил и привремена заштита
  • решава за парична помош од цивилна инвалиднина
  • сместување во установа
  • води евиденција и прибира документација за корисниците на социјална заштита, заштитата на децата и за применетите облици на социјална заштита,
  • остварува комуникација со сите релевантни институции и установи што ги третираат проблемите од областа на остварување на права на парична помош,
  • врши и други работи утврдени со закон.

     Одделите за права на парична помош превземаат мерки за заштита на стандардот и социјална сигурност на граѓаните кои немаат средства за егзистенција, а се изложени на социјални ризици на подрачјето за кое е формиран одделот. 

     Од делокругот на остварување на правата од парична помош, одделите се надлежни за вршење на следните работи: