Copyright 2023 - Јавна Установа Меѓуопштински центар за социјална работа на град Скопје

Советот на корисници делува во рамките на соработката на установата со корисниците на права и услуги од надлежност на установата, заради разгледување на прашања  кои се од заеднички интерес на установата и корисниците.

<<<<< Решение за формирање на Совет на корисници >>>>>


      Советот на корисници е составен од 5 до 7 члена.

     Советот на корисници се основа со објавување на јавен повик од страна на установата, објавен на веб страната на установата и огласната табла во установата.

     За член на Советот на корисници може да биде избрано лице:

  • корисник на права или услуги од надлежност на установата
  • родител/старател на лице корисник на права или услуги од надлежност на установата
  • лице кое не е осудено со правосилна судска пресуда
  • лице на кое не му е одземено родителското право
  • државјанин на Република Северна Македонија

     При поднесување на апликацијата лицето кое се јавува на јавниот повик треба да ги достави следниве документи:

  • потврда дека е корисник на право или услуга или потврда дека е родител или старател на лице корисник на права или услуги од надлежност на установата
  • потврда за неосудуваност
  • потврда дека не му е одземено вршењето на родителското право
  • кратка биографија
  • мотивационо писмо
  • државјанство

     За избор на членови на Советот на корисници, Директорот на установата формира Комисија составена од 3 члена од редот на вработените стручни работници во установата.

     Мандатот на членовите на Советот на корисници трае четири години.

     На член на Советот на корисници мандатот може да му престане и пред истекот, доколку го изгуби статусот на корисник на право или услуга од надлежност на установата и по лично барање.

     Надлежности на Советот на корисници се:

  • предлага програми за подобрување на работата и стандардите на установата
  • предлага член на Управен одбор од редот на своите членови
  • дава предлози и мислења до директорот и управниот одбор за други прашања што се од интерес за корисниците и установата.

     Работата на Советот на корисници се регулира со Деловникот за работа на Советот на корисници.