Оддел за старателство и заштита на деца без родители и родителска грижа
Одделот за старателство и заштита на деца без родители и родителска обезбедува посебна заштита на малолетните лица без родители и родителска грижа преку услуги на информирање и упатување, услуги на стручна помош и поддршка, услуги на советување, услуги на привремен престој, услуги на вон-семејна заштита (живеење со поддршка, згрижување во друго семејство и сместување во установа). Посебната заштита се обезбедува со соодветни мерки: посвојување, старателство, згрижување во семејство или сместување во установа во постапка утврдена со позитивните законски прописи.
Одделот одлучува и за траен надоместок за згрижувач кој згрижувал лице во своето семејство.