Оддел за старателство и заштита на возрасни и стари лица во социјален ризик
Одделот за старателство и заштита на возрасни и стари лица во социјален ризик обезбедува посебна заштита на
- полнолетни лица на кои им е одземена или ограничена деловната способност;
- други лица кои не се во состојба или немаат можност сами да се грижат за заштита на своите права и интереси.
Одделот за старателство и заштита на возрасни и стари лица во социјален ризик обезбедува посебна заштита преку услуги на информирање и упатување, услуги на стручна помош и поддршка, услуги на советување, услуги во заедницата,), услуги вон семејството и сместување во установа.
Одделот одлучува и за траен надоместок за згрижувач кој згрижувал лице во своето семејство.