Copyright 2022 - Јавна Установа Меѓуопштински центар за социјална работа на град Скопје

Оддел за заштита од трговија со луѓе, сексуално и родово базирано насилство


 

     Одделот за заштита од трговија со луѓе, сексуално и родово базирано насилство врши надлежности со цел спречување на трговија со луѓе и заштита на лицата жртви на трговија со луѓе преку примена на мерки и активности и тоа:идентификување на жртвите на трговија со луѓе, проценка на потреба за сместување, активности на терен врз основа на пријава. Одделот врши услуги за реинтеграција на жртвата (транспорт и безбедно сместување-домување, здравствена заштита, правна помош, социјална заштита, образование и економска поддршка-вработување) со мултидисциплинарен пристап во соработка со надлежни институции во согласност со утврдени стандарди.

     Услугата за привремен престој обезбедува заштита и стручна помош на жртва на сексуално и родово базирано насилство на жртви на трговија со луѓе односно на лица кои се наоѓаат во кризна состојба заради надминување на состојбата и нивна социјална интеграција.