Copyright 2021 - Јавна Установа Меѓуопштински центар за социјална работа на град Скопје

Орган на управување во јавната установа е управниот одбор.

<<<<< Решение за именување членови на Управен одбор >>>>>


     Управниот одбор го сочинуваат пет члена, од кои еден член вработен во општинската администрација кој врши работи од социјална заштита, предложен од Советот на општината на чие подрачје е седиштето на центарот за социјална работа, еден член е стручен работник од центарот за социјална работа, еден член е од редот на корисници, односно нивните застапници/старатели предложен од Советот на корисници и двајца членови се претставници на основачот .
     Членовите на управниот одбор треба да имаат соодветно образование согласно членот 194 од Закон за социјалната заштита и најмалку две години работно искуство по дипломирањето.

     Членовите на управниот одбор се избираат со мандат во траење од четири години.

     Управниот одбор го свикува и со неговата работа раководи претседателот на управниот одбор, кој го избираат членовите на управниот одбор од своите редови.

     Управниот одбор своите одлуки ги донесува со мнозинство гласови од вкупниот број на членови.

     Во работата на управниот одбор учествува директорот на установата, без право на одлучување.

     Членовите на управниот одбор имаат право на месечен надоместок во висина од 1.000 денари

     Мандатот на членовите на управниот одбор почнува од неговото конституирање.

     Конститутивна седница на управниот одбор ја свикува и до изборот на претседател претседава најстариот член.

     Управниот одбор го свикува и со неговата работа раководи претседателот на управниот одбор, кој го избираат членовите од своите редови.

     Претседателот на управниот одбор се избира по пат на предлог на членовите со јавно гласање и мнозинство на гласови.

     Претседателот на управниот одбор именува свој заменик од редот на членовите на Управниот одбор.

     Претседателот на Управниот одбор се грижи за извршувањето на одлуките и заклучоците на Управниот одбор и врши други работи утврдени со овој Статут.

     Мандатот на член на управниот одбор може да престане и пред истекот на мандатот:     

  • по негово барање
  • со престанување на работниот однос на стручниот работник во Установата       
  • отсуствува од седниците на управниот одбор неоправдано трипати последователно или пет пати во текот на годината.     
  • дополнително се утврди дека има лично, преку трети лица или по која било основа интереси кои можат да имаат какво било влијание на неговата независност и непристрасност.         
  • со разрешување од должноста.
  • ако престане да постои основачот и установата.

     Управниот одбор на јавната установа:

  • донесува статут,
  • донесува акт за внатрешна организација и систематизација на работните места,
  • донесува годишна програма за работа и го следи нејзиното извршување,
  • усвојува извештајот за работа на установата,
  • утврдува финансиски план и ја усвојува годишната сметка,
  • предлага на основачот измена  или проширување на дејноста,
  • распишува јавен оглас за избор на директор и е должен да го распише јавниот оглас најмалку три месеци пред истекот на мандатот на директорот и
  • врши и други работи утврдени со Законот за социјалната заштита и статутот на установата за социјална заштита.