Copyright 2023 - Јавна Установа Меѓуопштински центар за социјална работа на град Скопје

Оддел за услуги во заедницата и услуги за вон-семејна заштита


 

     Одделот за услуги во заедницата и услуги за вон-семејна заштита  обезбедува услуги за помош и нега во домот на лице со привремено или трајно намален функционален капацитет, со цел овозможување на лицето да продолжи да живее во сопствениот дом и превенција на потребата од вонсемејна заштита. Услуги во домот член се: помош и нега во домот и лична асистенција.

     Одделот за услуги во во заедницата и услуги за вон-семејна заштита  обезбедува услуги во заедницата односно услуги на дневен, привремен престој, ресоцијализација, рехабилитација,реинтеграција,  на корисници, одмена на семејна грижа и куќа на пола пат, заради превенција, згрижување и заштита, а со цел овозможување на корисникот да продолжи да живее во сопствениот дом, односно заедницата и превенција на потребата од вонсемејна заштита

     Одделот за услуги во во заедницата и услуги за вон-семејна заштита  обезбедува услуги за вон-семејна заштита која опфаќа: сместување, помош и поддршка од стручни лица, згрижување, исхрана, облека, здравствена заштита, и други услуги во зависност од видот на корисниците, кои немаат  услови за живеење  во своето  семејство или од други причини им е потребна вон-семејна заштита. Услуги на вон-семејна заштита се:живеење со поддршка, згрижување во друго семејство и сместување во установа