Copyright 2022 - Јавна Установа Меѓуопштински центар за социјална работа на град Скопје

Во склоп на Службата за социјално вклучување на лица во ризик функционираат три (3) оддели и тоа :

<<<<< Оддел за заштита на азиланти, мигранти, повратници од реадмисија и внатрешно раселени лица >>>>>

<<<<< Оддел за заштита од трговија со луѓе, сексуално и родово базирано насилство >>>>>

<<<<< Оддел за услуги во заедницата и услуги за вон-семејна заштита >>>>>


 

     Службата за социјално вклучување за лица во ризик врши услуги на информирање и упатување,  услуги на стручна помош и поддршка,  услуги на советување за следните категории корисници на услуги: азиланти, мигранти, повратници од реадмисија и внатрешно раселени лица, лица жртви на трговија со луѓе, жртви на сексуално и родово базирано насилство. Истовремено службата врши услуги во домот,услуги во заедницата и услуги за вон-семејна заштита.

     Услугите на информирање и упатување опфаќаат информирање на граѓаните за правата од социјална заштита и расположливите социјални услуги, првична проценка и упатување до други институции, со цел остварување непречен пристап до правата и услугите.

     Услугите на стручна помош и поддршка на поединец и семејство опфаќаат помош и поддршка за надминување на индивидуални и семејни проблеми преку проценка, планирање, интервенции за заштита и евалуација, како и следење на состојбата по завршување на интервенциите, со цел зајакнување на корисниците, промоција на нивниот непречен развој, обезбедување и одржување на добросостојбата и независноста и нивно долгорочно оспособување за самостојно надминување на социјалните проблеми

     Услугата за привремен престој обезбедува заштита и стручна помош на лица (лица жртви на родово базирано насилство, жртви на трговија со луѓе)  кои се наоѓаат во кризна состојба заради надминување на состојбата и нивна социјална интеграција.

     Службата води евиденција и прибира документација за корисниците на социјалната заштита и семејно-правната заштита и за применетите облици на социјална заштита.  За своите надлежности службата изготвува месечни, шестмесечни и годишен извештај.