Орган на управување во јавната установа е управниот одбор.
<<<<< Решение за именување членови на Управен одбор >>>>>
Членовите на управниот одбор се избираат со мандат во траење од четири години.
Управниот одбор го свикува и со неговата работа раководи претседателот на управниот одбор, кој го избираат членовите на управниот одбор од своите редови.
Управниот одбор своите одлуки ги донесува со мнозинство гласови од вкупниот број на членови.
Во работата на управниот одбор учествува директорот на установата, без право на одлучување.
Членовите на управниот одбор имаат право на месечен надоместок во висина од 1.000 денари
Мандатот на членовите на управниот одбор почнува од неговото конституирање.
Конститутивна седница на управниот одбор ја свикува и до изборот на претседател претседава најстариот член.
Управниот одбор го свикува и со неговата работа раководи претседателот на управниот одбор, кој го избираат членовите од своите редови.
Претседателот на управниот одбор се избира по пат на предлог на членовите со јавно гласање и мнозинство на гласови.
Претседателот на управниот одбор именува свој заменик од редот на членовите на Управниот одбор.
Претседателот на Управниот одбор се грижи за извршувањето на одлуките и заклучоците на Управниот одбор и врши други работи утврдени со овој Статут.
Мандатот на член на управниот одбор може да престане и пред истекот на мандатот:
- по негово барање
- со престанување на работниот однос на стручниот работник во Установата
- отсуствува од седниците на управниот одбор неоправдано трипати последователно или пет пати во текот на годината.
- дополнително се утврди дека има лично, преку трети лица или по која било основа интереси кои можат да имаат какво било влијание на неговата независност и непристрасност.
- со разрешување од должноста.
- ако престане да постои основачот и установата.
Управниот одбор на јавната установа:
- донесува статут,
- донесува акт за внатрешна организација и систематизација на работните места,
- донесува годишна програма за работа и го следи нејзиното извршување,
- усвојува извештајот за работа на установата,
- утврдува финансиски план и ја усвојува годишната сметка,
- предлага на основачот измена или проширување на дејноста,
- распишува јавен оглас за избор на директор и е должен да го распише јавниот оглас најмалку три месеци пред истекот на мандатот на директорот и
- врши и други работи утврдени со Законот за социјалната заштита и статутот на установата за социјална заштита.