Во склоп на Службата за социјално вклучување на лица во ризик функционираат три (3) оддели и тоа :
<<<<< Оддел за заштита на азиланти, мигранти, повратници од реадмисија и внатрешно раселени лица >>>>>
<<<<< Оддел за заштита од трговија со луѓе, сексуално и родово базирано насилство >>>>>
<<<<< Оддел за услуги во заедницата и услуги за вон-семејна заштита >>>>>
Службата за социјално вклучување за лица во ризик врши услуги на информирање и упатување, услуги на стручна помош и поддршка, услуги на советување за следните категории корисници на услуги: азиланти, мигранти, повратници од реадмисија и внатрешно раселени лица, лица жртви на трговија со луѓе, жртви на сексуално и родово базирано насилство. Истовремено службата врши услуги во домот,услуги во заедницата и услуги за вон-семејна заштита.
Услугите на информирање и упатување опфаќаат информирање на граѓаните за правата од социјална заштита и расположливите социјални услуги, првична проценка и упатување до други институции, со цел остварување непречен пристап до правата и услугите.
Услугите на стручна помош и поддршка на поединец и семејство опфаќаат помош и поддршка за надминување на индивидуални и семејни проблеми преку проценка, планирање, интервенции за заштита и евалуација, како и следење на состојбата по завршување на интервенциите, со цел зајакнување на корисниците, промоција на нивниот непречен развој, обезбедување и одржување на добросостојбата и независноста и нивно долгорочно оспособување за самостојно надминување на социјалните проблеми
Услугата за привремен престој обезбедува заштита и стручна помош на лица (лица жртви на родово базирано насилство, жртви на трговија со луѓе) кои се наоѓаат во кризна состојба заради надминување на состојбата и нивна социјална интеграција.
Службата води евиденција и прибира документација за корисниците на социјалната заштита и семејно-правната заштита и за применетите облици на социјална заштита. За своите надлежности службата изготвува месечни, шестмесечни и годишен извештај.